Англискиот премиерлигаш Арсенал има желба да го задржи норвешкиот интернационалец Мартин Одегард уште една сезона на „Емирати“. Тој пристигна од Реал Мадрид на шестмесечна позајмица, а потоа треба да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Но, Микел Артета и раководството на „топчиите“ ќе се обиде да издејствува одличниот играч за врска да остане во Лондон и наредната сезона.
Одегард по доаѓањето во Арсенал се наметна како еден од носителите на играта во средниот ред, донесе креативност и агресивност во играта, а Микел Артета е одушевен од неговите квалитети.
Враќањето на Мартин Одегард во „кралскиот клуб“ зависи од Зинедин Зидан, кој не му даде голема шанса за настап во првиот дел од оваа сезона. Токму затоа и Норвежанецот побара да замине на позајмица во друг клуб каде ќе има поголема минутажа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski