
Дефанзивецот на Лестер, Тимоти Кастањ, го привлече вниманието на Арсенал. Белгиецот е цел на стручниот штаб на „топчиите“, кои ќе се обидат да го доведат на „Емирати“ во летниот преоден рок.
Кастањ може да му биде многу корисен на менаџерот Микел Артета со својата сестраност. Тој по дефиниција е десен бек, но може успешно да игра и на левата страна, па дури и во средниот ред.
На Лестер сериозно му се заканува испаѓање од Премиер – лигата. Ако тоа се случи, Кастањ сигурно ќе биде пуштен на пазарот и тоа за мала сума. Арсенал планира да го искористи ова и да го земе во своите редови.
„Топчиите“ имаат сериозна потреба од зголемување на длабочината на ростерот, со оглед дека следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal