
По повредата на Габриел Жесус, Арсенал е принуден да доведе нови засилувања во претстојниот зимски преоден рок. Бразилскиот напаѓач најверојатно ќе отсуствува околу три месеци, а „топчиите“, кои се на врвот во Премиер – лигата, сакаат да доведат негова замена за да ја продолжат трката за титулата.
Арсенал си постави приоритет да го ангажира напаѓачот на Шахтјор Доњецк, Михаило Мудрик. Играчот импресионира со своите игри во ЛШ и долго време е цел на тимот од Лондон. Проблем може да биде цената, бидејќи од украинскиот клуб бараат повеќе од 100 милиони евра.
Единствената опција во моментов како замена за Габриел Жесус во тимот на Арсенал е Еди Нкетија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
