Connect with us

Арсенал официјално го откупи Давид Раја

Арсенал го привлече Давид Раја со перманентен трансфер, откако ја активира клаузулата за негово купување од Брентфорд за 27 милиони фунти. Претходно, „топчиите” платија 3 милиони фунти за неговата позајмица минатата сезона, во која Шпанецот одигра 41 натпревар, оствари 20 чисти мрежи и ја освои “Златната ракавица” на Премиер – лигата.


Клубот објави дека 28-годишниот голман потпишал долгорочен договор.

„По една година на позајмица како „топчија” сега можам да кажам дека сум играч на Арсенал за идните години. Возбуден сум да видам што крие иднината, но секогаш живеам во сегашноста и уживам во неа. Остварување на сонот е да бидам тука и сакам да ви се заблагодарам за целата поддршка што ми ја дадовте во последната година”, изјави Давид Раја, кој минатата сезона го замени Арон Рамсдејл како прв голман.

„Давид ни покажа минатата сезона колку е важен за нас, така што сме среќни што веќе официјално е наш играч. Тој има многу значајно присуство во соблекувалната и сме навистина задоволни што ќе продолжиме да работиме со него”, додаде менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови