
Арсенал е многу заинтересиран за Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сака да го доведе веќе во зимскиот преоден рок. Српскиот играч за врска оваа сезона игра одлично во Лацио и на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна четири гола и забележа седум асистенции.
Милинковиќ-Савиќ, кој во февруари ќе наполни 27 години, е на радарот на Јувентус, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но „Калчомеркато“ тврди дека Арсенал има предност што може да им помогне да го придобијат. Англичаните наводно се подготвени да платат 60 милиони евра и да го испратат Сами Локонга во Рим, кој дојде летото 2021 година за 17,5 милиони евра, но не се снајде на „Емирати“.
„Се шпекулира дека веќе сум договорил трансфер со неговиот агент Матеј Кежман, но тоа не е точно. Сергеј минатиот месец вредеше 100 милиони евра, а сега вреди 120 милиони евра. Неговата цена ќе се зголемува секој месец“, изјави неодамна претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Милинковиќ-Савиќ во Лацио пристигна во 2015 година од Генк за 15 милиони евра. За Лацио одигра 309 натпревари на кои постигна 62 гола со 58 асистенции, а стана стандарден репрезентативец на Србија, за кој забележа 35 настапи и постигна шест гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
