Connect with us

Арсенал му фрли око на Брахим Дијаз

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со офанзивниот играч за врска на Милан, Брахим Дијаз. 23-годишниот фудбалер е на позајмица кај „росонерите“ од Реал Мадрид. Сепак, се појавија контрадикторни информации за договорот меѓу двата клуба, при што некои медиуми тврдат дека тој содржи откупна клаузула вредна 22 милиони евра, додека според други изданија таква клаузула нема. Во секој случај, јасно е дека Милан сака да го задржи овој играч, но нема да биде лесна задача.


Микел Артета го посакува Дијаз како летно засилчување на Арсенал и е подготвен да издвои 30 милиони евра за неговите права.

Дијаз има добра сезона во тимот на „росонерите“. Досега има шест гола и три асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања. Тој има договор со Реал Мадрид до 2025 година, но се чини дека тешко ќе се избори за стартно место на „Сантијаго Бернабеу“, па самиот играч претпочита да биде продаден на лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови