Арсенал продолжува со одлични игри во Премиер – лигата. Тимот на Микел Артета лесно славеше со 0-2 на гости кај Барнли и се зацврсти на врвот на табелата.
Виктор Ѓокереш во 14.минута донесе водство за гостите, а Деклан Рајс постигна втор погодок во 35.минута и го реши натпреварот.
Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата без пораз, но не победи на гости против Нотингам Форест играјќи 2-2. Кашемиро донесе водство, но на стартот на вториот дел следуваше комплетен пресврт на Нотингам со головите на Гибс-Вајт и на Савона во период од само две минути. Сепак, Амад Дијало не дозволи Манчестер Јунајтед да загуби со погодокот за 2-2.
Кристал Палас го совлада Брентфорд со 2-0, а Фулам беше уште поубедлив и славеше со 3-0 против Вулверхемптон. Брајтон исто така со 3-0 го победи Лидс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













