Connect with us

Арсенал “краде” поранешна мета на Ливерпул?

Според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, тренерот на Арсенал, Микел Артета се распрашувал за можноста да го доведе Набил Фекир во текот на летото.

Арсенал се поврзуваше со трансфер на Французинот во последните неколку години, но никогаш не беше близу до потпис со него. Шпанскиот весник тврди дека Фекир бил на мета на Артета и минатото лето, но тогаш клубот од северен Лондон се согласи да ја продолжи позајмицата на Дани Себаљос од Реал Мадрид.

„Мундо Депортиво“ додава дека во моментов ништо не покажува дека „топџиите“ би биле подготвени да ја платат високата сума за 27-годишниот фудбалер. Неговиот договор со Реал Бетис трае до 2023 година и според некои извештаи тој содржи клаузула за ослободување од 79 милиони фунти.

Сепак, офанзивниот играч за врска неодамна потпиша за нова менаџерска агенција „Промоспорт“, која ги застапува интересите на неколку фудбалери од Премиер – лигата, меѓу кои и Ерик Баи од Јунајтед и Адама Траоре од Волвс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови