
Баерн Минхен вечерва го пречекува Арсенал во исклучително интересен реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Пред една недела двата тима ремизираа 2-2 во Лондон.
Двата тима влегуваат во натпреварот по разочарувачки викенд во домашните лиги. Баерн беше официјално симнат од тронот од Баер Леверкузен по 11 последовни титули во Германија, додека Арсенал падна на првото место во Премиер – лигата по поразот од Астон Вила. Ударот беше многу поголем за „топчиите“ и ќе биде интересно дали тимот ќе успее да се ослободи од неочекуваниот неуспех.
Арсенал се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите за првпат по 14 години, но сега се соочува со шокантна статистика – тимот беше исфрлен од Баерн четирипати во нокаут-фазата. Во исто време, надежите на Баерн почиваат токму на бројките – со реми во првиот меч Баварците имаат 22 победи и само три порази. Сепак, песимистите не забораваат дека тимот е елиминиран најмногу пати во оваа фаза од турнирот – 13, вклучително и во последните три изданија.
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, најави дека ќе може да смета на голманот Мануел Нојер и на крилниот напаѓач Лирој Сане, кои беа одморени на претходниот натпревар, но сега тренираат со тимот.
Единствената неизвесност е на кого да се потпре на лев бек, а во опција се Рафаел Гереиро или Нусаир Мазрауи. Еден од двајцата ќе мора да го запре најопасниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сон: Нема оправдување за нашата очајна игра
