Нови лоши вести од таборот на Арсенал. Такехиро Томијасу ќе биде надвор од терените подолго време откако беше подложен на операција на десното колено. Според британските медиуми, јапонскиот дефанзивец веројатно нема да игра до крајот на сезоната.
„Пред неколку дена бев на операција на коленото и веќе започнав со рехабилитација за да се вратам на тоа што најмногу го сакам. Ова е најтешкиот период во мојата кариера, но нема да се откажам“, напиша 26-годишниот Томијасу на Инстаграм.
Ова е трет сериозен удар за „топчиите“ во последниот месец, по операциите на Каи Хаверц и Габриел Жесус. Јапонскиот репрезентативец, кој пристигна во Арсенал од Болоња во 2021 година, одигра 30 натпревари минатата сезона, но оваа сезона имаше ограничено време на теренот поради повредите.
Арсенал моментално заостанува седум бода зад лидерот Ливерпул во Премиер – лигата и во сабота ќе игра против Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













