По Леандро Тросар, англискиот премиеригаш Арсенал комплетираше уште едно засилување во овој преоден рок. Полјакот Јакуб Кивиор од италијанскиот тим Специја пристигнува за 25 милиони евра, плус бонуси.
Кивиор ќе потпише договор со Арсенал до 2028 година, со годишна плата од 2,5 милиони евра. Тој е роден 2000 година, наскоро ќе наполни 23 години, а игра на позицијата стопер, висок е 189 сантиметри и ја користи левата нога.
Минатата година дебитираше за националниот тим и досега одигра девет натпревари.
Полјакот пристигна во Специја летото 2021 година од Жилина за 2,2 милиони евра, па ова е одлична зделка за италијанскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













