Connect with us

Арсенал го купи Одегард за 35 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал успеа да го реализира трансферот на Мартин Одегард. Норвешкиот интернационалец го напушти Реал Мадрид и за сума од 35 милиони евра, плус дополнителни бонуси, повторно се враќа на „Емирати“ каде ја одигра последната полусезона од минатата натпреварувачка година како позајмен фудбалер. Тој потпиша договор со „топчиите“ до 2025 година.

„Кралскиот клуб“ го задржа „правото за прв откуп“, но нема конкретна сума според која би можел да го врати Мартин Одегард во своите редови.

Арсенал лошо ја стартуваше сезоната со пораз на гости против Брентфорд, а в недела го игра лондонското дерби против Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови