
Деклан Рајс (24) станува нов играч на Арсенал. „Топчиите“ на Вест Хем ќе му платат 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра) и уште пет милиони фунти преку бонуси. Рајс со тоа ќе стане најскапиот играч на Арсенал досега и ќе го престигне Николас Пепе. Од друга страна тој ќе биде и најскапиот англиски играч во историјата, надминувајќи го Џек Грилиш и неговиот трансфер во Манчестер Сити.
Ова е најголемиот трансфер досега меѓу два англиски клуба и втор по големина во историјата на Премиер – лигата. Поскап е само трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челси.
Деклан Рајс е дете на Вест Хем и го напушта лондонскиот клуб по 245 настапи, 15 гола и 13 асистенции. Дефанзивниот играч за врска забележа 43 настапи за англиската репрезентација и постигна три гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ
