Арсенал е многу блиску до ангажман на голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа ова лето.
Според најновите информации од Англија, во последните часови се воделе интензивни разговори помеѓу двете страни, по што Арсенал станал значително поуверен дека трансферот наскоро ќе биде финализиран.
Шведскиот напаѓач веќе постигнал целосен личен договор со „топчиите“ и ќе потпише долгорочен договор до 2030 година.
Ѓокереш нема намера да се приклучи на претсезонските подготовки на Спортинг, кои започнуваат во понеделник.
Според „Си-Ен-Ен Португалија“, договорот ќе изнесува 65 милиони евра плус 15 милиони во бонуси, што го прави еден од најскапите трансфери во историјата на Арсенал.
Ова ќе биде трето големо засилување за Арсенал во летниот преоден рок, откако претходно беа претставени Мартин Зубименди и голманот Кепа Аризабалага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













