Арсенал конечно победи, и тоа на Боксинг Деј, совладувајќи го лондонскиот ривал Челси со 3-1 на „Емирати“. Тоа е големо олеснување на менаџерот Микел Артета, но и чекор напред за „топчиите“ на табелата. Сега се на 14. позиција со 17 освоени бода, веднаш над Лидс Јунајтед.
Александре Лаказет од пенал донесе водство за Арсенал во 34.минута, а десет минути подоцна Гранит Џака зголеми на 2-0 со прекрасно изведен слободен удар.
Букајо Сака во 56.минута постигна трет гол за „топчиите“, а Тами Абрахам во 85.минута намали на 3-1. Во самата завршница Челси пропушти да се врати во игра и за реми, откако Жоргињо во 90.минута не реализира пенал. Бернд Лено успеа да го одбрани неговиот удар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













