
Францускиот интернационалец Антоан Гризман најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната. Тој не ги оправда вложените средства во него со оглед дека дојде како супер-засилување од Атлетико Мадрид.
Гризман има огромна плата во Барселона и раководството бара начин како да се ослободи од него. Многу веројатно е дека ќе биде ставен на трансфер – листа.
Арсенал е еден од клубовите кои би сакал да го ангажира Антоан Гризман. На Микел Артета му недостига таков калибар, посебно што Александре Лаказет планира да замине и е во преговори со Атлетико Мадрид. „Топчиите“ се подготвени да платат 70 милиони евра за ангажманот на Французинот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
