
Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозно заинтересиран за крилниот напаѓач на Вест Хем, Мохамед Кудус. Според медиумите на Островот, „чеканите“ не сакаат да го пуштат својот играч, но лондонскиот ривал ќе може да ја плати откупната клаузула, која според последниот договор на играчот изнесува 100 милиони евра.
Од почетокот на сезоната, Кудус одигра 10 натпревари за Вест Хем во сите натпреварувања, во кои постигна два гола и оствари една асистенција.
Трансферната вредност на 24-годишниот играч е проценета на 50 милиони евра, па јасно е дека Арсенал ќе мора да плати двојно повеќе ако сака да го доведе на „Емирати“.
Неговиот договор со Вест Хем важи до крајот на сезоната 2027/28.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
