
„Топчиите“ не само што го совладаа Реал, туку со тоа донесоа голема победа и за цела Англија. Благодарение на нивниот триумф, Премиер – лигата доби уште еден бонус — пет места во Лигата на шампионите за следната сезона.
Овој подвиг значи дека покрај Арсенал и веќе сигурниот Ливерпул, шанса за европска елита имаат и клубови како Нотингем Форест, кој моментално е трет, па сè до деветтопласираниот Брајтон. Разликата меѓу нив е само десет бода, а остануваат уште седум кола — што значи дека се очекува жестока битка до самиот крај.
Италија, исто така, не се предава во оваа трка. По победата на Интер над Баерн, „аѕурите“ стануваат втората најблиска нација што може да обезбеди пет европски билети преку лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
