Англискиот премиерлигаш Арсенал планира значителна реконструкција на составот за следната сезона. Менаџерот Микел Артета е подготвен да плати дури 80 милиони евра за ангажманот на една од новите ѕвезди на Ла Лига, фудбалерот на Бетис, Гвидо Родригез.
Дел од парите треба да се обезбедат со продажбата на Гранит Џака, а останатите треба да значат голема инвестиција за да биде доведен еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во шпанскиот шампионат. Аргентинецот игра одлично оваа сезона во дресот на Бетис, а неговиот договор со шпанскиот клуб има важност до 2024 година.
Арсенал минатото лето плати 50 милиони евра на Атлетико Мадрид за Томас Парти, но тој се мачи со повреди во поголемиот дел од сезоната.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












