Connect with us

Арон Рамсдејл останува уште пет години на голот на Арсенал

Голманот Арон Рамсдејл ќе остане во Арсенал до 2028 година откако денеска официјално стави потпис на нов договор со клубот од „Емирати“.


Тој пристигна меѓу „топчиите“ во 2021 година, а оваа сезона е еден од столбовите во тимот на Микел Артета. Досега Рамсдејл забележа 76 натпревари за Арсенал во сите конкуренции.


„Неизмерно сум горд што ќе останам дел од Арсенал и во наредниот период. Го живеам мојот сон и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот“, изјави Арон Рамсдејл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови