Connect with us

Арне Слот: Резултатите секогаш се вистинската слика за тимот

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ги сподели своите впечатоци по поразот од Брентфорд со 3-2 во натпревар од деветтото коло во Премиер – лигата. Овој резултат претставува четврти последовен неуспех на „црвените“ во шампионатот, што го засени одличниот почеток на сезоната со пет победи по ред.

„Ова не беше наш најдобар натпревар, можеби со исклучок на 25-30 минути од првото полувреме. Но, дури и тогаш веќе губевме со 1-0. Во тие моменти сè уште верував дека можеме да стигнеме до позитивен резултат, но ако се погледне остатокот од мечот – начинот на кој игравме, како Брентфорд се бореше за секоја топка – искрено, тешко дека заслуживме нешто повеќе. Освен, можеби, во последните 5-6 минути“, изјави Слот.

Ливерпул покажа несигурност во одбраната и повторно прими голови по статични ситуации, што, според Слот, е најзагрижувачкиот дел од оваа серија порази.

„Не мислам дека сите четири порази се исти, но најтревожно е тоа што се еден по друг. Резултатите секогаш се најважни, а дури потоа доаѓа анализата на играта. Ова беше нашето најслабо издание во последните натпревари. Повторно примивме голови од прекини, а нашите шанси не ги искористивме. Во такви услови, тешко се победува“, додаде холандскиот стратег.

Слот заврши со порака дека тимот мора брзо да реагира и да ја врати стабилноста, бидејќи Премиер – лигата не простува серија на вакви резултати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови