Земјотрес во најава од Тетово кон Скопје. Арменд Алими спогодбено го раскина договорот со Шкендија и е на добар пат да се пресели како слободен агент во редовите на лидерот на табелата Шкупи. Доколку Алими потпише, ќе биде тоа уште една добиена битка за тимот од Чаир во пресметката за шампионската титула против Шкендија.
Шкупи има осум бода предност во однос на Шкендија по есенската полусезона и не сака да испушти таков „подарок“, да го има Арменд Алими во својот тим. Тој се уште е еден од најквалитетните фудбалери за врска во македонскиот шампионат и би претставувал одличен тандем со Фреди Алварез.
Преговорите се во тек, Алими има и неколку понуди и од Албанија и од Косово, но трансфер во Шкупи би предизвикал вистински фудбалски земјотрес кај нас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













