Connect with us

Аргентинците закажаа финале со Бразил, Емилијано Мартинез пенал – херој (ВИДЕО)

Аргентина на пенали ја доби полуфиналната пресметка против Колумбија (3-2) и се пласира во финалето на Копа Америка каде ќе се сретне против Бразил. Лионел Меси имаше уште еден одличен настап на Копа Америка, ја забележа својата седма асистенција (рекорд на натпреварувањето но херојот на Аргентина се вика Емилијано Мартинез.


„Гаучосите“ се пласираа во финалето, каде ги чекаат Нејмар и Бразил, по голема драма во пенал – рулетот против Колумбија.


По 120 минути игра резултатот гласеше 1-1. Аргентина поведе во седмата минута преку Лаутаро Мартинез, кој го погоди долниот агол на противничкиот гол на додавањето на Меси. Изедначи Луис Дијаз во 61. минута со погодок од мртов агол.


Сепак, решаваа пеналите. Емилијано Мартинез тогаш стапи на сцена, голманот на Астон Вила одбрани дури три удари на Колумбијците и Аргентина конечно славеше со 3-2.


Финалето Бразил – Аргентина се игра ноќта меѓу сабота и недела на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови