Connect with us

Аргентинците го победија Бразил на „Маракана“ (ВИДЕО)

Светскиот шампион Аргентина го победи Бразил со 1-0 на гости во дерби дуелот од шестото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Стрелец на единствениот гол беше Николас Отаменди во 63. минута.


Централниот дефанзивец успеа да погоди со удар со глава по центаршутот на Џовани Ло Селсо од корнер и ја замолкна публиката на „Маракана“.

Бразил го заврши мечот со десетмина откако Жоелинтон доби директен црвен картон во 81.минута од мечот.

Натпреварот не помина без инциденти. Имаше жестока тепачка меѓу полицијата и аргентинските навивачи, а Меси одлучи да ја повлече екипата додека не се смират страстите.

Уругвај ја победи Боливија со 3-0, а двоен стрелец беше Дарвин Нуњез.

Еквадор славеше против Чиле со 1-0, а Колумбија на гости го победи Парагвај со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови