Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро има проблеми со срцето. Во текот на мечот против Алавес му се појавила тахикардија, а лекарите ќе треба детално да испитаат што е проблемот.
Натпреварот против Алавес го напушти на крајот на првото полувреме бидејќи почувствува болки во градите и според протоколот веднаш беше заменет и пренесен во болница. Останува тестовите да покажат за што точно се работи.
Синоќа со него беа неговото семејство, мајката и братот, кои во раните утрински часови ја напуштија зградата и од далечина им сигнализираа на новинарите дека фудбалерот се чувствува добро.
Кун мирува, ќе биде задржан во болница, на понатамошни испитувања.
Агуеро вчера го започна вториот меч по ред во дресот на Барселона откако се опорави од повредата, а сега најверојатно повторно ќе паузира подолго. Алавес освои бод на „Камп Ноу“ на дебито на Серхи Бархуан, кој ќе ја предводи Барселона и на мечот против Динамо Киев во ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal