
Аргентина и Хрватска одат во борба за пласман во финалето на Светското првенство во Катар. Првото полуфинале на Мундијалот е закажано за вечерва од 20 часот во Лусаил.
Аргентинците ја бркаат својата прва титула по 1986 година. Лионел Меси и неговите соиграчи стигнаа до тука откако ја освоија групата со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска, пред да се сретнат со Австралија и со Холандија во нокаут фазата.
Хрватите, кои се актуелни светски вицепрваци, беа во група со Мароко, Белгија и со Канада, во која собраа четири бода, а потоа на пенали ги елиминираа Јапонија и Бразил.
Досега, Аргентина и Хрватска се сретнале двапати на светските првенства – во Франција 1998 и во Русија 2018. Во првиот случај „албиселесте“ победија со 1-0, а во вториот „коцкестите“ го прегазија противникот со 3-0. Одделно, тимовите одиграа и два натпревари меѓусебе – во 2006 и во 2014 година. во која повторно си разменија по еден успех.
Стадионот „Лусаил“ стана како домашна арена за јужноамериканците на првенството во Катар, бидејќи таму одат по четврти пат. Таму на стартот загубија со 1-2 од Саудиска Арабија, но потоа на истото место го победија Мексико со 2-0 и ги елиминираа Холанѓаните на пенали во четвртфиналето.
Главен судија е Италијанецот Даниеле Орсато, кој судеше при победата на Аргентинците над „Ацтеките“ во групната фаза.
Победникот во финалето ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Франција и Мароко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
