Connect with us

Арената е зафатена, ФЦСБ и Шкендија тренираа на комплексот на ФФМ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе биде домаќин на ФЦСБ од Романија во првиот дуел од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, кој ќе се одигра утревечер.

Поради одржувањето на Европскиот младински олимписки фестивал, романскиот тим својот официјален тренинг го одржа на терените на ФФМ, во спортскиот центар „Петар Милошевски“, наместо на Националната арена.

Шкендија исто така тренираше на теренот на ФФМ.

Натпреварот меѓу Шкендија и ФЦСБ е закажан за утре со почеток од 20 часот и ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови