Connect with us

Арда Туран стави крај на кариерата

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран и официјално објави крај на кариерата. Играчот од средниот ред се врати во тимот на Галатасарај во 2020 година, но го мачеа постојани повреди. Тој имаше договор со гигантот од Истанбул до крајот на сезоната, но нема да го исполни.


Туран (35) има 100 натпревари и 16 гола за репрезентацијата на Турција.

Арда Туран имаше многу сериозна кариера во Европа, играјќи за Атлетико Мадрид и за Барселона. Со Атлетико Мадрид ја освои Лигата на Европа во 2014 година. На Европското првенство во 2016 година беше капитен на националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови