Connect with us

Антонио Конте и Рафа Бенитез, кандидати за клупата на Наполи

Неапол чекаше 33 години за нова, трета шампионска титула во Италија, која ја донесе Лучијано Спалети, но тоа не значи дека искусниот италијански стручњак ќе го води овој тим и во следната сезона.


„Газета дело Спорт“ пишува за лошите односи меѓу Спалети и претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, споредувајќи ја ситуацијата со онаа во 2018 година кога Маурицио Сари и Жоргињо го напуштија Неапол поради слични причини.


Очигледно, Спалети не е задоволен од тоа што Наполи го активираше автоматското продолжување на соработката без негова согласност, за што бил информиран по пошта.


Поради оваа причина Италијанецот не беше присутен на прес-конференцијата на која Де Лаурентис зборуваше за плановите за претстојната сезона.


Италијанците наголемо шпекулираат за тоа кој би можел да го замени Спалети во случај на негово заминување, а посочени се две имиња.


Едно е добро познато во Неапол, Рафа Бенитез кој веќе раководеше со „наполитанците“ во периодот од 2013 до 2015 година, а без работа е од минатата година кога го напушти Евертон.


Вториот е Антонио Конте, кој оваа сезона замина од Тотенхем, а освои титули во Италија со Јувентус и со Интер, па во Неапол очигледно веруваат дека истото може да го повтори и на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови