Манчестер Јунајтед му го нанесе првиот пораз на Арсенал оваа сезона во Премиер – лигата откако на „Олд Трафорд“ славеше со 3-1. Сега „црвените ѓаволи“ имаат 12 бода, три помалку од Арсенал кој се уште е лидер, a два негатива во однос на Манчестер Сити и на Тотенхем.
Новото супер засилување, скапо платениот Антони беше стартер и постигна дебитантски гол за водство на Јунајтед во 35.минута.
Бакајо Сака израмни на 1-1 во 60.минута, но потоа на сцена стапи Маркус Рашфорд. Тој постигна два гола користејќи ја брзината во однос на дефанзивците на Арсенал. Повторно ја врати предноста на „црвените ѓаволи“ во 66.минута по одличното проигрување на Бруно Фернандеш, а девет минути на асистенција на Ериксен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal