Connect with us

Ансу Фати се враќа во тимот на Барселона за претстојното „Ел Класико“

Напаѓачот Ансу Фати ќе биде во тимот на Барселона за гостувањето кај Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот в четврток, објави „Мундо Депортиво“.


Шпанскиот репрезентативец го пропушти изненадувачкиот пораз на Каталонците од 1-0 во Ла Лига од Алмерија во неделата со мало истегнување на лигаментите на левото колено, но се очекува да биде целосно подготвен за „Ел Класико“.


Тренерот Чави Хернандез има многу проблеми нема да може да се потпре на повредените Роберт Левандовски, Осман Дембеле и Педри за гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа значи дека Чави ќе мора да направи значителна промена во напаѓачката тројка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови