Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, одлучи да не оди на операција поради повредата на бутниот мускул на левата нога, откри „Мундо Депортиво“.
Фудбалерот го направил својот избор по средба со медицинскиот тим на клубот на која присуствуваше и неговото семејство. Поради долгогодишното мачење со повредата на левото колено, Фати не сака повторно да оди на операција. На ист став се и клупските лекари.
Каталонски „Спорт“ дополнува дека засега и фудбалерот и лекарите се сложни повредата да се лекува со конзервативен третман, но потенцира дека Ансу Фати побарал повеќе време за својата конечна одлука.
Од друга страна, клубот инсистира на операција за младиот талент, за да може целосно да се опорави и да ја започне здрав новата сезона. Другата опција предвидува побрзо враќање во игра, по околу два месеци, но има и ризик од нова слична повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













