
Единствената работа за која се подготвува Зинедин Зидан е селекторската позиција на Франција. Ова го тврди неговиот поранешен соиграч Тиери Анри. Зизу пред еден ден во интервју за „RMC“ најави дека многу брзо ќе се врати на тренерската работа.
50-годишниот Французин е надвор од фудбалот од 2021 година, откако минатата година ја одби понудата да го преземе Манчестер Јунајтед и оттогаш беше поврзуван со ПСЖ и со Јувентус. Сепак, според Анри, Зидан не е мотивиран да води клуб во овој момент.
„Мислам дека ја чека репрезентацијата. Мислам дека не би заминал во Јувентус. Трипати ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Зошто би се преземал друг клуб, со оглед на ситуацијата дека може да стане национален селектор. Беше поврзуван со многу клубови и ништо не се случи“, изјави Анри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
