
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси не се истакнува во Пари Сен Жермен на начин каков што се очекуваше од него, а дека има проблем покажа и синоќешниот дерби дуел против Олимпик Марсеј (0-0).
Според неговиот поранешен соиграч од Барселона, Тиери Анри, овој проблем се нарекува изолација на теренот, поради што Меси не може да дојде до целосен израз, како што беше случај во каталонскиот тим.
Меси против Олимпик Марсеј играше по десната страна и беше безопасен по голот на лутиот ривал, а Анри се обиде да ја објасни ситуацијата во улога на стручен консултант.
„Тој е изолиран, добива се помалку топки. Не велам дека е тажен, но изолиран. Очигледно е дека има проблеми на десната страна. Мора да се најде некое решение за Меси, Нејмар и Мбапе да можат да играат заедно“, истакна Анри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
