Лидерот на табелата, тимот на Шкупи, потпиша професионален договор со 19-годишниот Анид Абази. Тој и во наредните две години ќе остане на Чаир, каде ги направи и првите фудбалски чекори уште од петгодишна возраст.
„Кога ќе се приклучите на клубот на петгодишна возраст, продолжувате и сонувате еден ден да играте за првиот тим. Мојот сон денес стана реалност. Работев напорно за да го достигнам ова ниво, секогаш му се заблагодарувам на клубот за поддршката. Сакам да постигнам многу во мојата кариера со овој клуб, а со поддршка од семејството, тренерот, играчите и персоналот на овој клуб се е полесно и се е возможно“, изјави Анид Абази за официјалниот сајт на Шкупи.
Тој дебитираше во првиот тим на натпреварот против Санта Клара во европските натпреварувања и одигра уште два натпревари во Првата лига и во Купот на Македонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski