
Атлетико Мадрид би можел да остане без Анхел Кореа на подолг период, откако аргентинскиот напаѓач заработи црвен картон и се соочува со можност за жестока суспензија поради навреди кон судијата.
Во 88. минута од натпреварот против Хетафе, судијата Гиљермо Куадра Фернандез му покажа директен црвен картон, а Кореа реагираше бурно, упатувајќи навреди кои јасно се забележуваат на видеото од инцидентот. Според официјалниот извештај, тој користел непристојни зборови и го навредил судијата на лична основа.
🚨| Angel Correa le dice “SOS UN HIJO DE P*TA* al árbitro en su jodida cara
— gam (@mbagamdre) March 9, 2025
Veremos el trato de la prensa.
pic.twitter.com/qRztQQvXzt
Според дисциплинскиот правилник на Ла Лига, ваквиот прекршок може да резултира со суспензија од четири до дванаесет натпревари. Иако Кореа подоцна се извини преку социјалните мрежи, малку е веројатно дека тоа ќе му помогне да ја избегне казната.
Натпреварот заврши несреќно за Атлетико – тимот водеше со 1-0 кога Кореа беше исклучен, но на крајот Хетафе направи пресврт и победи со 2-1, благодарение на двата гола на Мауро Арамбари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
