
Англија беше поразена во финалето на Европското првенство откако синоќа по драматично изведување пенали титулата европски првак и припадна на Италија. По првите 90 минути резултатот беше 1-1, а головите ги постигнаа Лук Шо во втората и Леонардо Бонучи во 68. минута. Потоа натпреварот влезе во продолжение што не понудија победник. Решавачкиот пенал во петтата серија го промаши Бакајо Сака, а уште две промашувања за Англија имаа Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо.
Веднаш по овој неуспех, црномурестите фудбалери на англиската репрезентација станаа жртви на расизам на социјалните мрежи. Ситуацијата отиде толку далеку што денеска се огласи Фудбалската асоцијација на Англија.
На Рашфорд, Санчо и на Сака им оставија илјадници коментари на Инстаграм веднаш по мечот со емотикони на мајмуни, а наводно имало и смртни закани.
„Ние силно ги осудуваме сите форми на дискриминација и сме згрозени од расизмот на интернет насочен кон некои од нашите играчи. Ние ќе сториме се што е во наша моќ да ги поддржиме нашите играчи, додека бараме најстроги можни казни за сите одговорни. Што се однесува до нас, не можеме да бидеме појасни – некој што стои зад ваквото одвратно однесување не е добредојден да ја следи нашата репрезентација “, пишува во соопштението на Англиската фудбалска асоцијација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal