
Англија на неверојатен начин се спаси од бездната и на крајот успеа да се пласира во четвртфиналето на ЕВРО 2024 каде ќе се сретне со Швајцарија. Гордиот Албион по продолженија оствари триумф од 2-1, но се спаси од пораз во 95.минута со голот на Џуд Белингам.
Фудбалерот на Реал Мадрид со фантастичен гол со „ножички“ ги спаси Англичаните од елиминација.
На почетокот на продолженијата, во првата минута од дополнителните 2 х 15 минути, Хари Кејн постигна гол за целосен пресврт.
Иван Шранц во 25.минута ги изненади Англичаните кои играа очајно во првото полувреме, а и во најголемиот тек од регуларниот дел. Но, сепак, квалитетите на Белингам и на Кејн ја спасија Англија и ги сочуваа нивните надежи за освојување на трофејот на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
