
Англија вечерва ќе игра против Украина во Рим, во четвртфиналето на Европското првенство, а селекторот Герет Саутгејт вели дека е одлично што гордиот Албион не игра во сопствената земја. На фудбалерите сега им е потребна мирна глава наместо еуфоријата која владее во Англија.
Откако Англичаните ги одиграа првите четири натпревари на „Вембли“ без примен гол, тие денеска ќе играат против Украина на Олимпискиот стадион во Рим.
„Одлично е што го напуштивме Лондон сега. Би било тешко да не подлегнеме на еуфоријата што владее во Англија по нашата победа над Германија. Отидовме во Рим, во една сосема поинаква средина. Можевме целосно да се фокусираме на дуелот со Украина, што секако ќе биде многу тежок“, изјави селекторот на Англија.
Сепак, Саутгејт повикува на внимателност против Украина, иако светските обложувалници не даваат речиси никакви шанси на селекцијата предводена од Андриј Шевченко.
„Сè уште сме далеку од полуфиналето. Не треба да се заборави дека Англија стигна до оваа фаза во историјата само трипати. Украина е сериозен тим и нема простор за какви било калкулации“, дополни Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
