Репрезентацијата на Англија го продолжува патот во четвртфиналето на Европското првенство откако ја совлада Германија со 2-0 во големата осминафинална пресметка на „Вембли“. Селекторот Јоаким Лев тука ја завршува петнаесетгодишната одисеја на кормилото на „панцирите“, а не успеа да ја одведе до поголем успех на ЕВРО 2020.
Гордиот Албион ја искористи предноста пред домашна публика, резултатот го отвори Рахим Стерлинг во 75.минута по нафрлувањето на Лук Шо од левата страна, а триумфот го потврди Хари Кејн во 86.минута.
Германците можат да жалат за двете шанси на Тимо Вернер и на Каи Хаверц, но и колосалната можност на Томас Милер во 82.минута, кога излезе сам пред Џордан Пикфорд, го совлада и него, но го промаши голот.

Англичаните во четвртфиналето го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Шведска и Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













