Connect with us

Англичанецот се повреди: Реал без Белингам еден месец

Тимот на Реал Мадрид нема да може да смета на својата ѕвезда Џуд Белингам околу еден месец, известуваат шпанските медиуми, повикувајќи се на медицинските прегледи на играчот. Причината е мускулна повреда на десната нога на играчот, предизвикана од удар за време на денешниот тренинг на тимот.

Поради повредата, се очекува Белингам да пропушти најмалку пет натпревари на мадриѓаните: четири дуели во Ла Лига, против Валјадолид, Лас Палмас, Бетис и Реал Сосиедад, како и првиот натпревар на тимот во Лигата на шампионите.


Дополнително, 21-годишниот фудбалер нема да биде на располагање на Англија за натпреварите од Лигата на нации во септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови