
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го „казни“ напаѓачот Илија Несторовски со еден меч неиграње за националниот тим, претстојниот дуел со Германија во Дуисбург. Се чини дека казната е симболична, но треба да се земе предвид фактот и дека Несторовски сепак се извини за скандалозното однесување.
“Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:
Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal