
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2020. Прв противник е Летонија, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски посакуваат триумф. Објективно, според квалитетот, и треба да го остварат доколку одиграат на потребното ниво. Го потенцира тоа и предводникот Ангеловски.
„Почеток е на нов квалификациски циклус, а ние сакаме да продолжиме во ист стил како и во Лигата на нации. на секој натпревар ќе одиме на победа, против Летонија имаме и повеќе од објективнио шанси за да оствариме триумф. Верувам во момците, атмосферата е одлична, сите сакаме да му подариме победа и на капитенот Горан Пандев во прославата на неговиот јубилеј – 100 настапи во националниот тим“, вели селекторот Игор Ангеловски.
Капитенот Горан Пандев вели дека и покрај јубилејот, најважно е Македонија да има победнички старт во новите квалификации.
„Имаме квалитет, имаме и сила и енергија, и младост и искуство, за да оствариме добри резултати во овој нов циклус. Мислам дека ова е најдобрата генерација со која сум настапувал и искрено посакувам да ја оствариме желбата на сите генерации, да се пласираме на Европско првенство. Вечерва ќе славам јубилеј, посакувам и гол, но најважно од се е сепак да победи Македонија“, истакна Горан Пандев.
Селекторот Ангеловски ќе одреди офанзивен состав, кој сепак ќе биде „скоцкан“ во формацијата 4-2-3-1.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, во одбранбената четворка се Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Езгјан Алиоски. Со средниот ред ќе диригираат Енис Барди и Елиф Елмас, а пред нив ќе биде Горан Пандев. На крилните позиции ќе бидат поставени Александар Трајковски и Ферхан Хасани, а најистурен во нападот ќе биде Илија Несторовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
