
Македонија се спаси од пораз во Естонија и извлече 3-3. Од тој агол можеби и можеме да бидеме среќни, но секако не и со прикажаната игра. Селекторот Игор Ангеловски исто така е разочаран од бодот. Тој смета дека Македонија е многу поквалитетна репрезентација и едноставно мораше да победи во Талин.
„Разочаран сум од бодот. Со нашиот квалитет моравме да победиме, но честитки до Естонија која погоди три пати. Ние имавме шанса кога се вративме на 3-3, но заврши натпреварот. Играчите беа дел од натреварот со Косово, сакав да им дадам можност, со цел да одморам дел од главните играчи во тимот. Мечот со Косово беше многу важен, па затоа им дадов шанса на останатите играчи. Мое е да им понудам игра, а нивно е дали ќе ја искористат. Натпреварот имаше убав ритам со шесте голови. Жал ми е што примивме три гола, промашивме пенал, двата тима играа одлично, а особено Македонија во финишот од средбата. Задоволен сум од последните 30 минути од натпреварот, успеавме да избегмене пораз, ама јас не сум задоволен. Со оглед на резултатот на Грузија и Ерменија, ќе бевме многу поблизу до првото место во групата. Сепак, има уште три натпревари до крајот и ќе дадеме се од себе да стигнеме до првото место“, изјави Игор Ангеловски.
Следен предизвик за Македонија е селекцијата на Грузија која доаѓа во Скопје во тековниот циклус од Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
