МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Украина е вториот ривал на Македонија на Европското првенство. Денешниот меч (15 часот) на Националната арена во Букурешт е од исклучително значење за двете селекции со оглед дека претрпеа порази на првите дуели против Австрија, односно против Холандија.
Селекторот Игор Ангеловски увиде одредени аномалии во составот на првиот меч против Австријците и овојпат нема да посегне по изнудени решение. На првиот натпревар Стефан Ристовски играше стопер, а сега ќе се врати на својата природна позиција десен бек.
Во стоперското трио влегува Кире Ристевски на левата страна, заедно со Дарко Велковски и со Висар Муслиу.
Во средниот ред влегува Стефан Спировски, кој заедно со Адеми и со Барди треба да го контролира маневарот. На левата странична позиција е Езгјан Алиоски, десно е Стефан Ристовски.
Во нападот ќе бидат Елиф Елмас и капитенот Горан Пандев.
Ова е формацијата која треба да се обиде да ја донесе првата историска победа за Македонија на ЕВРО.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski