
Одличните настапи и резултати во Лигата на Нации го креваат оптимизмот во нашиот национален тим во пресрет на квалификациите за ЕВРО 2020. Селекторот Игор Ангеловски не ја крие желбата „црвено-жолтите“ да се надигруваат на сите натпревари во групата, почнувајќи од првите две средби со Летонија и со Словенија.
„Како што најавив, нема посериозни промени во списокот бидејќи мислам дека сме веќе добро воиграна репрезентација која знае што сака, селекција што на секој натпревар ќе оди на победа. Стартуваме против Летонија, репрезентација во која настапуваат играчи кои воглавно се дел од домашното првенство, но тоа воопшто не значи дека ривалот е наивен. Морамеда бидаме максимално фокусирани и да одиграме беспрекорно за да стигнеме до посакуваните три бода“ – изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.
Македонија најпрво со Летонија игра на 21. март на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а потоа на 24. март во Љубљана е дуелот со Словенците. Собирот на репрезентацијата е закажан за 18. март во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
