Connect with us

Ангеловски: Го викнавме Сејдини на разговор, но не дојде

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф (5-0) против Лихтенштајн. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од победата и изданието на националниот тим, но и понатаму има „искри“ на релација Репрезентација – Федерација.


„Тоа што сите го предвидувавме, го остваривме, иако во денешниот фудбале е тешко да победиш било кого со 5-0, ние го потврдивме фаворитскиот статус. Го остваривме и тоа што ни беше втора цел, дел од играчите да добијат дозирана минутажа. Остваривме се што ни беше планирано. Задоволен сум сега од реализацијата, нормално, кога ќе се постигнат пет гола. Адеми немаше потреба да игра, ќе стартува со Германија, се надевам дека без проблем ќе го одигра тој натпревар. Доминиравме во првото полувреме, имавме можност и за втор гол. Во второто полувреме следеа и головите, се она што го побарав од фудбалерите – го направија на теренот“, изјави Ангеловски за натпреварот.

Потоа истакна и дека направил обид за средба и разговор меѓу репрезентацијата и федерацијата. Го повикал претседателот Муамед Сејдини на разговор, но тој не дошол.

„Во петокот го повикав претседателот на ФФМ да дојде да разговараме за да ги надминеме недоразбирањата околу репрезентацијата, но тој не дојде во саботата. Ја користам оваа можност јавно да го повикам да оствариме средба и да ги разрешиме работиме затоа што ни претстои убава работа, учество на Европското првенство“, истакна селекторот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови