Connect with us

Ангеловски го објави списокот за дуелите со Романија, Лихтенштајн и со Германија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуисбург) од квалификациите за Светското првенство 2022. На списокот се наоѓаат 26 фудбалери, предводени од капитенот Горан Пандев, потоа Елмас, Барди, Несторовски, Адеми, Ристовски, Алиоски…


Повратници во тимот се Даниел Аврамовски и Марјан Радески, а повикани се четворица голмани меѓу кои и Ристе Јанков, досегашниот прв голман на младиот национален тим.

На списокот на селекторот Игор Ангеловски се најдоа следните имиња:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22. март во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови