
Битката за опстанок станува сѐ посериозна. Брегалница е при дното и сака што е можно побрзо да подаде глава нагоре, а денеска му гостува на Работнички на Националната арена „Тодор Прфоески“.
Сепак, и „романтичарите“ ја посакуваат првата пролетна победа.
„Натпреварот против Брегалница е многу важен за нас. Подготвени сме за надигрување и сакаме да дојдеме до првиот пролетен триумф. По долг период се враќаме на Арената и тоа ќе биде дополнителен мотив да одиграме квалитетен натпревар. Ги посакуваме трите бода и ќе сториме сѐ да ги освоиме“, вели играчот за врска на Работнички, Матеј Ангелов.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ја пречекува Воска. Едно е сигурно, „искри ќе летаат“ и на овој натпревар.
„Натпреварот со Воска Спорт е еден од поважните натпревари во мојата кариера, ако освојување на било каква титула е круна на трудот на еден фудблаер, така и последното место во лигата е дното кое може да го осети еден фудблер. Ќе го дадеме максимумот сите заедно во недела, и ќе пробаме да се извлечеме од оваа позиција каде што сме“, изјави Ѓорѓи Стоилов, еден од поискусните фудбалери на Македонија ЃП.
Шкендија во Тетово ќе биде домаќин на Вардар, а Шкупи на Чаир ќе го пречека Тиквеш. Актуелниот првак Струга Трим оди на гости во Кратово и ќе се сретне со Силекс, додека Гостивар на домашен терен ја пречекува Брера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (денеска, 14 часот)
Шкендија – Вардар
Работнички – Брегалница
Шкупи – Тиквеш
Силекс – Струга ТЛ
Македонија ЃП – Воска
Гостивар – Брера

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal