Connect with us

Ањели нема да го менува Пирло до крајот на сезоната

Италијанскиот првак Јувентус ја загуби трката за шампионската титула со Интер, но вечерва во Торино игра дерби-натпревар против Наполи во борбата за пласман во ЛШ. И двете екипи имаат по 56 бода, „старата дама“ нема победа веќе две кола, а тимот на Елиф Елмас е во победнички налет.

Од Апенините доаѓа веста дека сепак Андреа Ањели нема да го менува Андреа Пирло од клупата без разлика на исходот од вечерашниот дуел. Италијанските медиуми пренесоа дека Пирло добил ултиматум за победа против „наполитанците“ или во спротивно ќе мора да замине од клупата.

Се шпекулира дека Масимилијано Алегри би се вратил на кормилото на Јувентус, но тоа би можело да се случи дури на почетокот на следната сезона, кога тој би го селектирал тимот и би довел неколку засилувања. Мисијата на Пирло и фудбалерите е до крајот на оваа сезона да изборат пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови